„Кој е следен?“ со порака: Ве гледаме! – Герила Акција пред судницата на КПУ Идризово

t

Движењето „Кој е Следен?“ на 19 ноември 2025 година, пред судницата на „КПУ Идризово“ изведе герила акција пред започнувањето на судскиот процес за трагедијата во дискотеката „Пулс“.

„Ве гледаме!“ – Зошто им должиме на сите кој ги изгубија животите, правдата нема да дозволиме да остане само големо очекување, сѐ додека не стане доблест!

Судската власт од денес е под лупа! 

Бараме непристрасен, професионален и целосно транспарентен судски процес ослободен од политичките канџи. Оние кои денес ќе се облечат во црните тоги имаат обврска да покажат интегритет, храброст и почит кон законот.

Ќе одолеат ли на притисоците од центрите на моќ или уште еднаш ќе ја потврдат недовербата на граѓаните?

Правдата за сите жртви од пожарот во Кочани  не е желба туку должност!Ќе преземеме акција, осигурувајќи дека преовладува одговорноста и дека гласовите на засегнатите ќе бидат слушнати. Наша должност е да ја трансформираме тагата во цел и да се обединиме за значајна промена.

Правда мора да има.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Кој е следен?“ со порака: Ве гледаме!…

Движењето „Кој е Следен?“ на 19 ноември…

И Сенатот изгласа објавување на досиејата на…

Американскиот Сенат едногласно го усвои законот, кој…

Тренчевска: Власта ги остави граѓаните сами, упорно…

Пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната…

Захарова обвинува европски претставници за вмешаност во…

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи,…

„Аксиос“: Белата куќа тајно преговара за план…

Администрацијата на Трамп тајно формулира нов план…