„Кој е следен?“ со порака: Ве гледаме! – Герила Акција пред судницата на КПУ Идризово
Движењето „Кој е Следен?“ на 19 ноември 2025 година, пред судницата на „КПУ Идризово“ изведе герила акција пред започнувањето на судскиот процес за трагедијата во дискотеката „Пулс“.
„Ве гледаме!“ – Зошто им должиме на сите кој ги изгубија животите, правдата нема да дозволиме да остане само големо очекување, сѐ додека не стане доблест!
Судската власт од денес е под лупа!
Бараме непристрасен, професионален и целосно транспарентен судски процес ослободен од политичките канџи. Оние кои денес ќе се облечат во црните тоги имаат обврска да покажат интегритет, храброст и почит кон законот.
Ќе одолеат ли на притисоците од центрите на моќ или уште еднаш ќе ја потврдат недовербата на граѓаните?
Правдата за сите жртви од пожарот во Кочани не е желба туку должност!Ќе преземеме акција, осигурувајќи дека преовладува одговорноста и дека гласовите на засегнатите ќе бидат слушнати. Наша должност е да ја трансформираме тагата во цел и да се обединиме за значајна промена.
Правда мора да има.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДВА ТАНКЕРА СО РУСКИ ДИЗЕЛ ГО СМЕНИЈА…
Два танкера кои превезуваат дизел од руско…
Мемов, Славески и Трајкова: Пензионерите да бидат…
Директорот на Фондот на пензиско и инвалидско…
(Видео) Најверојатниот иден премиер на Србија: Иран…
Дејан Шошкиќ од српската Студентска листа го…
Рокас: Годинашниот извештај е подобар од претходниот,…
Евроамбасадорот Михалис Рокас оцени дека Македонија во…
Последен пат го направи ова денот кога…
Руското Министерство за надворешни работи повторно им…