Кој ќе напушти домашен миленик ќе добие забрана за идно чување миленици

t

Драстично зголемување на паричните казни за физички лица, од 400 евра за несоодветно чување и шетање на куче, до 5.000 евра за предизвикување болка, страдање или повреди, мачење, сурово и нехумано однесување и убивање на животните.

Ова се само дел од измените кои ги предвидува предлог-законот за заштита и благосостојба на животните, до кој дојде Телма, чии измени главно се насочени на решавање на проблемот со напуштањето на домашните миленици, нивното неконтролирано размножување и трговија за што краен резултат треба да биде намалување на бројот на бездомни кучиња.

Член 4: „…На сопственикот кој ќе го напушти својот миленик трајно му се забранува држење на миленици; Се забранува неконтролирано размножување, продажба и давање на подарок домашни миленици… Се забранува чување на домашен миленик – куче, постојано врзано на ланец или во затворен дел од ограден простор, без да се овозможи слободно движење надвор од тој простор најмалку еднаш во денот, со цел да се задоволат неговите физиолошки и физички потреби… Се збаранува зашеметување, колење или усмртување на животни за ритуални цели…“, се дел од измените предвидени со предлог-законот.
Предлог-законот предвидува и задолжителна стерилизација на домашни кучиња, забрана за продажба и давање на подарок домашни миленици од нерегистрирани одгледувачи, а одгледувачниците пред да го направата тоа ќе мора новите легла да ги пријават кај ветеринар, но и кому ги дале. Една мачка или кучка нема да смее да има повеќе од едно легло годишно.

Член 66: „Регистрираните одгледувачи на куче од денот на влегувањето во сила на овој закон во период од 5 години немаат право на размножување на нестерилизираните миленици односно немаат право за репродукција на нови единки“, предвидува предлог-законот.

Се предвидува и формирање на Центар за трајно згрижување, сместување и посредување при вдомување на напуштени и бездомни животни, но и сместување кај привремени вдомувачи, со што би се вовел и нов концепт на третман на бездомните животни, кој во моментов ги опфаќа само кучињата и тоа на принцип: залови – стерилизирај – пушти.

Новото законско решение предвидува и регистрација и на пансиони за миленици, продавници, одгледувачници, а освен инспекторите на АХВ должност да вршат контроли на спроведува на законот ќе имаат и Државниот комунален инспекторат, општинските комунални инспектори и на градот Скопје, но и МВР

Но на предлог-законот во моментов му се губи трагата на релација Агенција за храна и ветеринарство и Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство.

Според информациите на Телма законското решение изготвено од АХВ, а усогласено со Ветеринарната комора, Ветеринарниот факултет, министерствата за животна средина и локална самоуправа, како и ЗЕЛС и здружението Анима Мунди, во рамки на Работната група за стратегија и управување со популацијата на бездомни животни, било проследено до надлежното Министерство за земјодели на почетокот од април.

Но од Министерството земјоделие на прашањето на Телма кога законското решени ќе влезе во Владина процедура, за потоа испратено во Собрание, одговорија дека до нив такво предлог-законско решение не е стигнато. Од АХВ пак за Телма тврдат дека предлог-законот бил доставен до Министерството на 9 април.

Од АХВ информираат и дека од вторник почнуваат и со презентација на предлог-законското решение во осумтете плански региони – прв е Полошкиот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој ќе напушти домашен миленик ќе добие…

Драстично зголемување на паричните казни за физички…

Хантавирусот пристигна во Европа! Стјуардеса во изолација,…

Стјуардеса на KLM од Харлем е хоспитализирана…

Пратениците изгласаа: Реформи во Обвинителството, воена соработка…

Собранието на денешната 100-та седница усвои неколку…

Мицкоски – Не може времено да се…

На министерската конференција за демографска отпорност што…

(Видео) Непотврдено: Tурска студентка пронајдена почината во…

Неофицијално турска студентка пронајдена е почината во…