(Видео) Непотврдено: Tурска студентка пронајдена почината во Штип
Неофицијално турска студентка пронајдена е почината во изнајмен стан , на улицата Васил Главинов во Штип .
Информацијата до надлежните стигнала од нејзини колеги кои неколку дена безуспешно се обидувале да стапат во контакт со неа.
По неа денес на лице место таму беа увидна екипа на СВР Штип, возило на Брза помош и возило на ТППЕ Штип.
Според очевидци во прашање е студентка која живеела во посочениот стан сама. Од страна на полицијата пронајден е сопственикот на станот , но сепак увидната екипа во станот влезе преку прозорецот.
Во овој момент официјални информации и други детали нема, но ти се очекуваат во првата прилика.
Не се знаат причините за смртта, односно дали таа е насилна или во прашање е нешто друго.
Телото ќе бид предадено на обдукција по што ќе се знаат сите детали за причината за смртта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Солун уапсен маж кој се барал…
Во Солун синоќа бил уапсен 43-годишен маж,…
Клековски најави формирање комисија за случајот со…
Министерот за здравство Сашо Клековски најави формирање…
„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…
„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…
Зеленски се надева дека резултатите од американските…
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се…
Евромбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот…
Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис…