Кравите од Крива Паланка ќе одат во затвор: Привремено ќе бидат сместени во КПД Идризово и КПД Прилеп
Одземениот добиток од подрачјето на Општина Крива Паланка во почетната фаза ќе биде сместен во Казнено-поправните домови Идризово и Прилеп, предвидува акцискиот план за отстранување на добитокот во Крива Паланка усвоен на минатата седница на Владата.
Како што соопштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, денеска започнала оперативната реализација на планот, а на состанокот на Координативниот штаб биле утврдени конкретните активности и задолженија на институциите вклучени во процесот.
„Со воспоставувањето на овој механизам на институционална координација создаваме оперативни предуслови за системско и трајно надминување на проблемот со кој се соочуваат жителите на Крива Паланка. Приоритет е заштитата на граѓаните, нивниот имот и земјоделското производство, преку ефикасно спроведување на законските решенија, со истовремено почитување на стандардите за здравствена заштита и благосостојба на животните. Од суштинско значење е секоја институција одговорно и ефективно да го реализира својот дел од преземените обврски“, вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски.
Како следен чекор е предвидено мапирање на локациите на кои се наоѓа добитокот, за да се утврдат неговата бројност, распространетоста и пристапноста на теренот.
Во однос на згрижувањето и понатамошното располагање со одземениот добиток, во почетната фаза е предвидено животните да бидат примопредадени на Казнено-поправниот дом Идризово и Казнено-поправниот дом Прилеп, а разгледана била и можноста во текот на процесот и во согласност со законските прописи, дел од добитокот да биде отстапен на здруженија на сточари и на млади сточари.
Во реализацијата на Акцискиот план за справување со добитокот во Крива Паланка се вклучени седум државни институции меѓу кои две министерства, две агенции, една дирекција, еден центар и едно биро. Поточно, станува збор за Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за храна и ветеринарство, Агенцијата за управување со одземен имот, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи и Бирото за процена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кравите од Крива Паланка ќе одат во…
Одземениот добиток од подрачјето на Општина Крива…
(Видео) Додека вработениот бил на петочна молитва,…
Маскирани разбојници денеска, сред бел ден, влегоа…
По брзите кредити, кои веќе нема да…
По брзите кредити, на ред се банкарските…
Прво обраќање на Радомир Саичиќ како кандидат…
Студентската листа денеска соопшти дека академикот и…
Брнабиќ со остар испад пред изборите: „Ова…
Пратеничката на Српската напредна партија (СНС) и…