Кривична и суспензија за полицаец од Чаир: Заборавил да им ги достави личните карти на 11 луѓе
Одделот за внатрешна контрола при МВР поднесе кривична пријава против Д.С., полицаец во Полициската станица Чаир, поради сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в став 4 од Кривичниот законик.
Како што информираат од МВР, пријавениот полициски службеник во просториите на Одделението за управни работи во Скопје потпишал и подигнал 11 лични карти и извештај за скенирани лични карти за жители од подрачјето на ПО Мирковци, Општина Чучер Сандево. Тој не ги доставил документите до полициската станица во Мирковци, ниту пак пријавил дека тие недостасуваат. Со тоа на граѓаните им било ограничено правото навремено да ги подигнат личните карти, а им била нанесена и материјална штета.
Против полицискиот службеник ќе биде поведена и дисциплинска постапка. Тој ќе биде суспендиран до нејзино завршување, а како мерка му се одземаат службеното оружје и муницијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривична и суспензија за полицаец од Чаир:…
Одделот за внатрешна контрола при МВР поднесе…
Путин вели дека „се разбрал“ со Трамп…
Рускиот претседател Владимир Путин вели дека постигнал…
Два трактора се судриле кај Булачани, пет…
Два трактора се судрија на локалниот пат…
Македонска државјанка сакала нелегално да изнесе 89…
Бугарската гранична полиција привела државјанка на Македонија…
Лукаревска: Секој ден ново задолжување, ВМРО-ДПМНЕ повторно…
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ повторно покажува неодговорност…