Кривична пријава за директор од Куманово
23.04.2026 – МВР: Кривична пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“ против директор и неговата заменичка во училиште во Куманово
СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Б.(46) од Куманово и против С.Д.(41) од с.Лојане, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Првопријавената, како заменик директор во техничкото училиште „Наце Буѓони“ во Куманово и назначена да извршува дополнителни работи – водење на вонредни испити од 01.09.2022 до 31.08.2023 и второпријавениот, како директор и назначен да извршува дополнителни работи-водење на вонредни испити од 01.09.2023 до 31.08.2024 овозможиле вонредните ученици да пријавуваат и полагаат испити од наредна година без да ја имаат завршено претходната година и без да достават потврди за следење на феријалната пракса, при што овозможиле и испитната комисија да спроведе полагање на два вонредни испита во ист ден за четири вонредни ученици.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривична пријава за директор од Куманово
23.04.2026 – МВР: Кривична пријава за „злоупотреба…
Трамп издаде наредба: „Пукајте на секој брод…
Доналд Трамп рече дека ѝ наредил на…
Алиу најави можност лекар да може да…
Анализите покажуваат дека, освен семејно насилство, има…
(Видео) Американската војска заплени уште еден танкер…
Американската војска заплени уште еден танкер поврзан…
Романски државјани измамија скопјанка – и собраа…
Лишени од слобода биле двајца романски државјани…