Романски државјани измамија скопјанка – и собраа пари и златен накит
Лишени од слобода биле двајца романски државјани откако во полиција било пријавено дека измамиле скопјанка и одзеле пари и златен накит.
– Синоќа околу 19:30 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР – Скопје ги лишија од слобода Ј.Г., на возраст од 35 години и еден малолетник, двајцата од Романија, постапувајќи по претходна пријава дека измамиле 83-годишна скопјанка. Според пријавеното, Ј.Г. дошол во домот на оштетената на подрачјето на Ѓорче Петров, претставувајќи се како продавач на луксузни производи за домаќинство и со измама ѝ одзел 300 евра и златен накит, во вредност од околу 300.000 денари, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.
По целосно документирање на случајот, како што додадоа од МВР, ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОНРЕДНА ВЕСТ: Итна воздушна тревога во шест…
Романскиот Генерален инспекторат за вонредни состојби (IGSU)…
Романија ги доби првите 2,5 милијарди евра…
Романија ја доби првата исплата од 2,5…
Романија крена НАТО ловци откако дрон влезе…
Романија активираше НАТО борбени авиони откако дрон…
Романија би можела да го воведе еврото…
Романија би можела да го усвои еврото…
Воздушна тревога во Романија: Авион на НАТО…
Романското Министерство за одбрана денес објави дека…