Кризна состојба од 30 дена, се намалува ДДВ-то за горивата – Мицкоски: Дневната заштеда за граѓаните е 200.000 евра, неделната 1,5 милиони евра
Владата на вчерашната вонредна седница донела одлука за прогласување на 30-дневна кризна состојба на целата територија на државата за да може да ја донесе мерката за намалување на ДДВ-то за горивата од 18 на 10% – потврди премиерот Мицкоски. Тој смета дека со намалувањето на ДДВ-то презеле поробусна акција, бидејќи ако интервенирале во акцизите намалувањето кај бензините би било 1, а за дизелот 2 денара по литар, а вака цените на горивата се намалуваат од 6,5 до 7 денари за литар.
„Дневната заштеда е повеќе од 200.000 евра за граѓаните. Очекуваме неделно да биде околу милион и пол евра отприлика, така што ќе видиме, ќе ја следиме состојбата и наместо да бидеме реактивни ќе бидеме проактивни. Ќе повторам, кај нас во моментот има убедливо најниска цена на дизел гориво и на безоловни бензини, односно 95 и 98 октански споредено со било кои од земјите од регионот“, вели Христијан Мицкоски.
Мицкоски вели состојбата се следи и ако има потреба ќе се интервенира.
За експертите пак мерката за намалување на ДДВ-то за горивата е со задоцнување и не е доволна за да се спречи прелевањето на нафтениот шок врз цените на другите производи.
„Мислам дека тоа не е доволно, поради тоа што самиот факт што другите влади на соседните земји имаат многу подрастично преземени мерки. Не значи многу поради тоа што сите производи ќе се зголемуваат имајќи во предвид дека енергијата е основа за производство на повеќето производи“, вели Насир Селими.
И за опозициската СДСМ мерките се недоволни и задоцнети. Од партијата реагираа и на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, за тоа колку ќе заштедат граѓаните од намалувањето на ДДВ-то.
„Во ВМРО велат дека се штедат 1,5 милиони неделно. Навистина сме четврта економија во светот. Навистина сè цвета. Не кажуваат каде се оние 4,5 милиони неделно од последните 3 недели“, велат од СДСМ.
Одлуката за прогласување на кризна состојба веќе е објавена во Службен весник,а мерката за намалувањето на ДДВ- то за горивата ќе важи од ноќеска на полноќ. Според образложението кризна состојба е прогласена за да може полесно да се спроведуваат мерки кои би биле неопходни за да се санираат штетите од состојбата на Блискиот исток. Со неа се активира и Главниот штаб при Центарот за управување со кризи кој ќе биде во постојано заседавање за следење на мерките.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кризна состојба од 30 дена, се намалува…
Владата на вчерашната вонредна седница донела одлука…
Бугарија пред избори: Румен Радев води на…
Бугарија влегува во нова предизборна кампања, а…
Волстрит: Скок на берзанските индекси по помирувачките…
Американските акции пораснаа во понеделник откако претседателот…
Протече можниот датум за запирање на војната…
Додека тапаните на војната на Блискиот Исток…
Предметот „Кочани”, Савески: Ќе имам средба со…
Новиот државен јавен обвинител Ненад Савески најави…