Предметот „Кочани”, Савески: Ќе имам средба со јавните обвинители коишто постапуваат во конкретниот предмет да се запознаам со состојбите

t

Новиот државен јавен обвинител Ненад Савески најави дека ќе има средба со обвинителите кои постапуваат во предметот „Кочани“, со цел да се запознае со текот на постапката и доказите во случајот.

Во интервју за 360 степени на Македонска Радио Телевизија, Савески изјави дека предметот е во рана доказна постапка и дека е можно да се почека позрела фаза од процесот за да се направи целосна анализа.

„Ќе имам средба со јавните обвинители коишто постапуваат во конкретниот предмет да се запознаам со состојбите. Имајќи предвид дека предметот е во доказна постапка, рана доказна постапка, можеби е добро да дојде фаза од постапката којашто е позрела за да може соодветно да се согледаат состојбите во предметот и да дадам свој став“, изјави Савески.

Тој нагласи дека нема намера да се меша во работата на обвинителите, посочувајќи дека секој јавен обвинител треба да постапува независно и врз основа на доказите.

Во однос на дилемите во јавноста околу правната квалификација во случајот, Савески рече дека јавниот обвинител може да ја менува квалификацијата на делото сè до завршување на постапката, доколку во текот на судењето се појават нови факти или докази.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пожар во куќа во Карпош

Вчера изутрината бил пријавен пожар во куќа…

Двајца возачи уапсени за безобѕирно управување: Едниот…

Во текот на изминатото деноноќие, на различни…

Еве како победи ДУИ во Брвеница: Полн…

Гласачи од дијаспората дошле со авион за…

Почина Самка Ибраимовски

Почина Самка Ибраимовски, лидер на Партијата за…

Русија концентрирала десетици илјади војници на запорошкиот…

Руските сили концентрирале десетици илјади војници и…