Крмов за „Сејф сити”: Не може луѓе со примања од 500 и 50.000 евра да се казнуваат исто

t

На денешната седница на Собранието, координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, најави дека во Законот за прекршоци, преку кој ќе профункционира системот „Сејф сити”, Левица ќе поднесува измени особено во однос на глобите, односно ќе бараат скалесто казнување.

„Не може да се казнуваат исто луѓе со месечни примања од 500 ЕУР и луѓе со месечни примања и од по 50.000 ЕУР”, рече Крмов.

За Предлог-измените на Законот за прекршоци со цел имплементација на системот „Сејф сити”, Крмов истакна дека законското решение не е совршено, но пратеничката група на Левица ќе го поддржи бидејќи ценат дека тој систем би можел да спаси животи.

Пратеникот најави дека ќе следат корекции „во од” како што најави и власта, а при истите Левица ќе има свои предлози за кои побара поддршка од владејачкото мнозинство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Крмов за „Сејф сити”: Не може луѓе…

На денешната седница на Собранието, координаторот на…

Eве од кога почнува да се применува…

Со 81 глас „за“ и 19 „против“,…

Шестгодишно дете од Градско донесено починато во…

На Детското одделение во Општата болница во…

Жерновски: Вашингтон не’ отпиша, Брисел не не’…

Мицкоски повторно погоди! Откако мораше да смисли…

(ВИДЕО) Добредојде за сите, освен за Инфомакс:…

ПР тимот на Титан Усје им посака…