Крмов: СДСМ во страв од Левица ги кочи измените на Изборниот законик

t

По денешниот состанок на работната група за Изборниот законик, координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, посочи дека однесувањето на СДСМ отвора сериозни сомнежи за нивните вистински намери во процесот.

– Ние уште од почетокот на процесот за измена или нов Изборен законик, изразивме сомнеж за искреноста на политичките актери – дали навистина се прави Изборен законик или само се води процес што нема да заврши со резултат. Тоа што СДСМ не дојдоа денес е тенденциозно. Нашите сомнежи се дека ова е обид повторно да се цензурира Левица за наредните избори, затоа што од СДСМ очигледно се чувствуваат загрозени, рече Крмов.

Крмов оцени дека во состојба на внатрешен хаос и неспособност во СДСМ, единствениот преостанат адут им е да ги задржат нефер условите на теренот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Крмов: СДСМ во страв од Левица ги…

По денешниот состанок на работната група за…

Египќаните во Македонија изразуваат почит кон Гоце…

Египќаните во Македонија, како посебна, автохтона и…

Заврши судењето за тројцата полицајци од Кочани…

Со завршни зборови денеска пред Основниот кривичен…

Пентагон подготвува воени опции за Иран, Трамп…

Американските воени лидери подготвуваат нови воени опции…

МВР утре со посебен сообраќаен режим во…

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека…