Египќаните во Македонија изразуваат почит кон Гоце Делчев и нагласуваат поддршка за мултиетничкиот концепт на државата
Египќаните во Македонија, како посебна, автохтона и автентична етничка заедница, истакнуваат дека имаат исклучителна почит кон ликот и делото на македонскиот револуционер Гоце Делчев.
Тие ја вреднуваат неговата визија, борба и посветеност за создавање независна и самостојна држава Македонија, нагласувајќи дека ваквите историски личности се дел од заедничкото наследство на државата.
Од НГИ „Коалиција на Египќани“, која е дел од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ и проф. д-р Христијан Мицкоски, посочуваат дека посебно внимание посветуваат на негување на почит кон македонските историски великани.
Во таа насока, организацијата се оградува од поединечни ставови и изјави на индивидуални лица, меѓу кои и функционери, нагласувајќи дека тие не ја претставуваат волјата на мнозинството Египќани во Македонија.
Исто така, се посочува дека Рубин Земон бил претседател на политичкиот субјект ПОЕН, кој подоцна се интегрирал во СДСМ, но дека неговите ставови не ја одразуваат позицијата на заедницата.
Од „Коалиција на Египќани“ информираат дека имаат советник во Советот на Општина Охрид, избран како дел од листата на ВМРО-ДПМНЕ, и дека се одвива институционална соработка со државните структури во насока на постепена интеграција на заедницата.
На крајот, од организацијата ги отфрлаат оценките дека актуелната влада е етноцентрична, нагласувајќи дека, напротив, таа е посветена на развој на мултиетничкиот концепт и почитување на различностите во општеството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови откритија на „Старо Бонче“: Средновековни гробови…
На археолошкиот локалитет „Старо Бонче“ се откриени…
Пандов на средба со делегација на Европскиот…
Директорот на Управата за извршување на санкциите,…
Македонски државјанин убиен во Германија
Дваесет и седумгодишен маж од Северна Македонија…
72-годишен Полјак се преценил кај Куратица —…
Пензионер од Полска одбрал авантуристички да го…
МОН: Неточни и лицемерни се тврдењата на…
Министерството за образование и наука (МОН) како…