Кумановецот кој му се закануваше на Мицкоски оди во притвор
Кумановецот А.Д. од селото Черкези заврши во притвор откако, според МВР, на социјалните мрежи упатил закана кон претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.
„Отсекот за компјутерски криминал при СВР Куманово, во содејство со Секторот за компјутерски криминал и Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ, поднесе кривична пријава по брза постапка против А.Д. од село Черкези, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘загрозување на сигурноста’ по член 144 став 5 од Кривичниот законик“, наведуваат од СВР Куманово.
Според пријавата, на 11 септември годинава, на објава на профилот на социјална мрежа на претседателот на Владата, пријавениот напишал коментар со заканувачка содржина.
„Од судија на претходна постапка на пријавениот му е определена мерка притвор во траење од осум дена“, соопшти СВР Куманово.
Денеска на премиерот Христијан Мицкоски откри дел од содржината на заканите што, според него, биле упатени кон него и неговото семејство.
„И јас вчера дознав за тие закани, дека сум бил свиња и дека ќе ме колел на плоштад, и упатил пцовки кон мене и моето семејство“, рече Мицкоски. објави Скопје1.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кумановецот кој му се закануваше на Мицкоски…
Кумановецот А.Д. од селото Черкези заврши во…
(Видео) Земјоделци го блокираа патот Прилеп-Битола, велат…
Пелагониските производители на пиперка денеска повторно излегоа…
Вучиќ: На 27 септември ќе поднесам оставка
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека…
Муцунски-Рокас: Потврден заедничкиот интерес за поддршка на…
Европската интеграција на земјата, реформската агенда и…
Кратовец осомничен дека прободел со нож полициски…
Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за…