Објавено на:

Куманово и МЗТ Скопје Аеродром во финалето на кошаркарскиот куп на Македонија

t

Домаќинот на турнирот, Куманово ќе му биде противник на МЗТ Скопје Аеродром во финалето на купот „Благоја Георгиевски-Буштур“.

Ова е епилогот по вечерашниот втор полуфинален натпревар, во кој Куманово го победи ТФТ со 87:79.

Кумановци во неизвесен натпревар и со голема поддршка од своите навивачи ја исполнија целта.

Најефикасни во победничкиот тим беа Николиќ со 31 поен (7/9 за три поени), пет асистенции и пет скока, Луковиќ со 17 поени (и осум скока), Стевановиќ 11 поени (седум скока и две додавања) и Ѓуроски 10 поени (и две асистенции).

Во поразената екипа двоцифрени беа Дејвис со 24 поени (четири скока и исто толку асистенции), Гордон имаше 15, Ташовски 14 поени (пет скока и две асистенции), Стојаноски 11 поени (и три скока).

Финалето на 34. финален турнир од националниот куп е утревечер со почеток во 19 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска…

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска…

Од силен ветер падна парче лим од…

Од силниот ветер, претпладнево падна дел од…

Левица: Општина Аеродом избира молк и неактивност…

„Недозволиво и крајно алармантно е што општинските…

Скопската магла сè уште го блокира авиосообраќајот

Поради маглата која и денеска е присутна…