„Купи ми стан и кола или ќе те убијам“, жена си го пријавила партнерот во полиција!
Полициски службеници од СВР Тетово вчера во 19:10 часот го лишиле од слобода А.Д. (31) од тетовско, по пријава за сериозни закани кон неговата невенчана партнерка.
Според информациите од полицијата, 36-годишна жена од Тетово пријавила дека мажот ѝ се заканувал и барал од неа да му купи стан и автомобил, во спротивно, како што навела, ѝ се заканил дека ќе ја убие, објави 4news.mk
„Полициските службеници постапиле по пријавата и веднаш презеле мерки, при што лицето било приведено и задржано во полициска станица“, информираат од СВР Тетово.
По целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Купи ми стан и кола или ќе…
Полициски службеници од СВР Тетово вчера во…
Нема поскапување: Цените на лебот и печивата…
Денес во Министерството за економија се одржа работен состанок…
Лудница на пазарот: Цената на европскиот дизел…
Растот на цените на горивата изгледа дека…
Мистериозна болест на астронаут во вселената, целосно…
Астронаутот Мајкл Финк се разболел на Меѓународната…
Ќира: Албанците се мнозинство во Струга
Градоначалникот на Струга, Менди Кира, реагираше на…