Лазаров: Португалија е фаворит, а ние ќе се обидеме да им го „пореметиме“ планот
Натпреварот со Данска е веќе минато, а македонските ракометари се подготвуваат за новиот предизвик – Португалија.
На утринскиот брифинг со новинарите селекторот Кирил Лазаров напомена:
– Нашиот следен ривал Португалија, тоа е одлична репрезентација и тука се дојдени да се борат за медал. Но, тие не се на нивото на Данска. За нас најважно е да се обидеме да одиграме подобро од дуелот со Данска. Сите ние сакаме изненадување. Португалија е фаворит, а ние ќе се обидеме да им го „пореметиме“ планот. Тие сметаат дека можат да стигнат и до медал. Цела ноќ се занимавам со нив.
Дуелот од второто коло македонските ракометари го играат утре (недела) со почеток во 18 часот во Хернинг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лазаров: Португалија е фаворит, а ние ќе…
Натпреварот со Данска е веќе минато, а…
Хрватска, Португалија и Романија со најголемо зголемување…
Во третиот квартал од 2025 година, стапката…
Генерален штрајк на синдикалните сојузи ја парализира…
Португалија денеска е блокирана поради генералниот штрајк…
ЕК најави тужби против Бугарија, Литванија, Португалија…
Европската комисија (ЕК) објави дека ќе поднесе…
Смртоносно торнадо во Португалија: Три лица загинаа,…
Португалија е погодена од разорен налет на…