Лајен: Неопходен е прекин на огнот во Украина пред да може да се води каква било сериозна дискусија за европската безбедност
Прекин на огнот во Украина е од суштинско значење пред да може да се одржи каква било сериозна дискусија во врска со европската безбедност, изјави денеска во Букурешт претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
– Секоја сериозна дискусија за безбедносната архитектура во Европа може да се води дури откако ќе се постигне примирје во Украина, а тоа мора да се случи во соодветен формат – конкретно, со учество на сојузниците од НАТО и земјите-членки на ЕУ – нагласи таа.
Преговорите меѓу Украина и Русија, под покровителство на САД, се закажани за утре и задутре во Абу Даби. Целта е да се обноват дипломатските напори за решавање на конфликтот во Украина, кој почна во 2022 година со руската инвазија. Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп изрази желба да ја искористи оваа можност за поширока дискусија за идната „европска безбедносна архитектура“ – термин што често го користи Кремљ.
Европските нации стравуваат дека каков било потенцијален договор би можел несразмерно да ги задоволи руските барања, на сметка на нивните сопствени безбедносни интереси. Затоа, Европа се обидува да изврши влијание врз овие дискусии. Европејците ќе бидат претставени во Обединетите Арапски Емирати, иако не учествуваат директно во преговорите – или барем не во нивните почетни фази.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лајен: Неопходен е прекин на огнот во…
Прекин на огнот во Украина е од…
ЕВН Хоум го објави новиот тендер за…
ЕВН го распиша новиот тендер за набавка…
Пожарот кај Бит-пазар ставен под контрола, зафатени…
Пожарот што избувна во куќи во близина…
ЕУ беше неправедна кон Македонија, но уставните…
На прашањето дали отсуството на Северна Македонија…
Ива Михаилова не избегала, тврди Рауфи, судењето…
Ива Михаилова заминала во Бугарија за да…