Левица: ВМРО-ДПМНЕ нема намера да го ограничи коцкањето, ги одби сите наши амандмани

t

„Владата на Мицкоски сака јавноста да поверува дека со новиот Закон за игрите на среќа конечно ѝ застанала на патот на коцкарската индустрија. Но, ако навистина целта беше да се ограничат казината и обложувалниците, немаше да ги одбијат СИТЕ 13 амандмани на Левица, со кои законот ќе добиеше вистинска тежина и конечно ќе ги погодуваше токму механизмите преку кои коцкарската индустрија креира нови зависници и остварува огромни профити“, пишуваат во соопштение од опозициската партија.

Левица наведува што предвидуваа дел од одбиените амандмани кои ги предложија пратениците од партијата:

•Да се забрани рекламирањето и спонзорирањето на коцкарските компании преку спортски клубови, федерации, медиуми, инфлуенсери и јавни личности;
•Да се забранат бонусите, бесплатните облози, VIP-програмите и промоциите со кои граѓаните постојано се навлекуваат повторно да играат;
•Да се скрати работното време на казината на 12 часа и да не смеат да работат за време на државни и верски празници;
•Тројно да се зголеми цената на лиценците за казина и обложувалници, наместо државата и понатаму да им овозможува на коцкарските компании да работат по симболични цени;
•Да има најмногу едно казино или обложувалница на 15.000 жители и да бидат најмалку 3 километри оддалечени од училишта, младински, спортски и културни установи;
•Да се воведе целосна транспарентност на сопственоста на компаниите што приредуваат игри на среќа, без офшор фирми и скриени сопственици.

„ДПМНЕ ги одби сите 13 амандмани, без ниту еден исклучок! Со ова падна во вода целата приказна дека Владата води борба против коцкарската индустрија. Кога дојде моментот да се гласа за мерки што навистина ќе ги погодеа ПРОФИТИТЕ на казината и обложувалниците, ДПМНЕ без двоумење ги одби сите. Кога требаше да избираат помеѓу интересите на граѓаните и интересите на коцкарската индустрија, ДПМНЕ повторно застана на страната на крупниот капитал. Затоа овој закон е само уште една типична, провидна ПР-кампања на ДПМНЕ. Доволно е добар за на прес-конференција да се пофалат дека „решиле проблем“, но не и доволно храбар за да ги допре интересите на индустријата што заработува милиони од македонската несреќа“, додаваат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: ВМРО-ДПМНЕ нема намера да го ограничи…

„Владата на Мицкоски сака јавноста да поверува…

ЕУ подготви пет милиони евра помош за…

Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас објави…

(Видео) Катастрофа во Франција: Се урна авион…

Единаесет лица загинаа денеска кога авион се…

ВЛЕН ќе раководи со шест министерства по…

Со  шест министерства – за животна средина,…

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се скараа кој полошо…

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања околу…