Левица: Мицкоски со закон ќе им дозволи на фирми како Бехтел и Енка да ви ги одземат куќата и дворот?
Владата, на мала врата, се обидува што побрзо да ги распродаде природните ресурси на приватни инвеститори, преку овозможување за издавање на дозволи за експлоатација без решени имотноправни односи од страна на концесионерот, велат од политичката партија Левица во објава на социјалните мрежи.
– Имено, деновиве во Собранието се пристигнати два предлог-закони по скратена постапка, едниот за концесии и јавно приватно партнерство, а другиот за минерални суровини, со кои буквално им се дава амин на насилничките странски компании да можат да ги занемарат законите за приватна сопственост, за јавни набавки и за заштита на конкуренцијата. Со ова се отвара можност да им се одзема имотот на граѓаните доколку постои интерес за одредена локација, како и политичка селекција на концесиите.
Со усвојување на вакви закони ќе се овозможи, на пример, на фирми како Бехтел и Енка да можат, без никакви законски препреки, да ви направат каменолом во вашиот двор. Само ако посакаат!
Владата на ДПМНЕ наместо да работи во интерес на народот изигрува адвокат на ѓаволот, беден извршител на волјата на приватните инвеститори.
Левица стои на страна на граѓаните и нема да дозволиме понатаму да продолжи ова безмилосно и безумно уништување на природата и кршење на граѓанските права во име на капиталот. Овие закони не смее да се дозволи да стапат во сила! – велат од партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Мицкоски со закон ќе им дозволи…
Владата, на мала врата, се обидува што…
Левица: Владата да воведе данок на екстра…
Владата да воведе данок на екстра профит…
Левица: Преместувања, откази и партизација во Министерството…
Политичката партија Левица во објава на социјалните…
Левица: Наместо да ја решава кризата, Трипуновски…
Левица обвинува дека ВМРО-ДПМНЕ не познава, како…
Левица: Велигденската трпеза стана луксуз поради игнорантскиот…
Најавите за ограничување на профитните маржи по…