Левица: Парите за боледувања доцнат – дали Клековски ја манипулира јавноста или фондот е празен?

t

Изминатиот период сѐ повеќе граѓани нѐ информираат дека одреден период Фондот за здравствено осигурување не врши навремена исплата на средства кои им следуваат по основ на привремена спреченост за работа поради болест, а кои средства за многумина претставуваат единствен извор на приход во периодот додека се на боледување и им се нужно неопходни, соопштија денеска од Левица.

Од партијата велат „пред само два месеци, од страна на Фондот информираа дека исплати од нивна страна се вршат редовно, а денес се поставува прашањето дали директорот Сашо Клековски ја манипулира јавноста за постигнатото на сметка на граѓаните кои се наоѓаат во незавидна позиција, или пак касата на Фондот не располага со доволно средства за навремено сервисирање на обврските?“

„Правото на надоместок за спреченост од работа поради болест е законско право и не е привилегија, туку основна социјална и работничка гаранција која треба да обезбеди сигурност на работникот во период кога е здравствено ранлив и привремено неспособен за работа, а во време кога инфлацијата расте, а Владата ги занемарува барањата за зголемување на платите, ваквото доцнење претставува дополнителен удар врз работниците и зголемен ризик по нивното здравје.

Затоа, бараме одговори од Фондот, кога ќе ги исплати работниците кои се на боледување, и дали поради неодговорно работење немаат доволно средства за редовно сервисирање на обврските кон граѓаните?“ е ставот на Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Парите за боледувања доцнат – дали…

Изминатиот период сѐ повеќе граѓани нѐ информираат…

Владата очекува годинава инфлацијата за падне под…

Инфлацијата е пониска од многу земји во…

ЗХГ бара веднаш да се активира „Безбеден…

Здружението „Зелен Хуман Град“ предупредува на растечкиот…

„ЈСП има 341 автобус, дневно исправни се…

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави…

Мицкоски: Криминалот не се исплати

Криминалот не се исплати, ве молам формализирајте…