Мицкоски: Криминалот не се исплати
Криминалот не се исплати, ве молам формализирајте го својот бизнис. Ваква порака испрати премиерот Мицкоски на годишната конференција „Формализација на неформалната економија: Преку соработка до успех“. Тој воедно најави системска борба со сивата економија, која го јаде државниот буџет. Земјава нема прецизни мерења, но според податоците на Светска банка сивата економија опфаќа околу 30 проценти од Бруто-домашниот производ. Најмногу ја има во градежништвото.
-Криминалот не се исплати и тоа е порака до сите оние коишто мислат дека ќе функционираат по принципот како до сега, односно со криминал, со сива економија, со затскривање на даноци и така натаму дека тоа се исплати. Порано или подоцна ќе бидат пронајдени и ќе бидат изведени пред лицето на правдата. Така што мојата порака е криминалот не се исплати. Ве молам формализирајте го вашиот бизнис и немојте да мислите дека на тој начин ќе ја изиграте државата, изјави претседателот на Влада, Христијан Мицкоски.
-Многу е тешко вие да зборувате колкав е процентот, затоа што една од најтешките работи коишто може да се измери е тоа. Некаде нели проценки коишто ги прави Светска банка кажуваат дека е околу 29 проценти. Но онаа работа што и претходно ја кажав, вие не можете да зборувате дека сите компании се во неформална економија, затоа што така решиле и така сакаат. Видете никогаш не можеме да тргнеме од позицијата е сите се злоупотребуваат закон, не има како што кажав многу недоречености во законите, изјави министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска.
Премиерот воедно очекува стабилизирање на цените на храната годинава.
-Во делот на храната мината година имаше божиќна, јануарска кошничка и така ќе биде и во април. Инаку ценам дека ќе се движиме во рамки на проекцијата под 3 проценти за годишната инфлација оваа година. Кога ќе ја споредиме стапката, горе доле е иста како во регионот, изјави претседателот на Влада, Христијан Мицкоски.
На трговците им порача дека глобалните шокови не смеат да биде алиби за неоправданите маржи и прекумерни профити на грбот на граѓаните. Најави засилен мониторинг за спречување на евентуални злоупотреби.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Речиси 3 недели екстремна топлина во Франција,…
Франција регистрираше околу 1.243 смртни случаи повеќе…
Израел нападна полициска станица во Газа –…
ХАМАС денес го обвини израелскиот премиер Бенјамин…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…
Скопски пожарникари се приклучија во гаснењето на…
Конвој на Противпожарната бригада на Град Скопје…
Македонците го одбележаа Преображение во црквата во…
Македонците по потекло од селото Ербеле, областа…