Лидерите на „ВРЕДИ“ на средба со Албин Курти

t

Косовскиот премиер Албин Курти вчера беше домаќин на лидерите на коалицијата „Вреди“ во Македонија, Билал Касами, Арбен Таравари, Изет Меџит и Африм Гаши, на кои им го честитал изборниот резултат на 8 мај, велејќи дека тоа е првпат албанската опозиција да достигне над 100 илјади гласови, јави Коха.мк.

На средбата се разговарало за прашања од значење за Албанците во Македонија, но и за меѓудржавните односи, како и за други важни прашања.

-Загржувачко за соговорнците е руското и српското влијание, кое се случува и преку коруптивни и криминални мрежи. Развојот на инфраструктурата што ги поврзува Косово и Македонија беше една од главните теми на разговор, заедно со идеи и проекти за заживување на економската, културната и образовната соработка, наведува весникот.

Средбата, според кабинетот на Курти, минала во духот на срдечната соработка, имајќи предвид дека „Албанците на Балканот се фактор за поддршка на демократизацијата, европските интеграции, евроатлантскиот мир, безбедноста и стабилноста

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петровска: Ако не бидам избрана за лидер…

Министерката за одбрана во заминување Славјанка Петровска,која…

СНС Белград: Претепан претседателот на месниот одбор,…

Градскиот одбор на Српската напредна странка во…

Избори во Србија: Излезноста во Белград до…

Во Србија денеска се одржуваат избори за…

Трамп: Доколку ме стават во куќен притвор,…

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави…

Мицoтакис: Мицкоски да користи „Северна Македонија“ и…

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис како одговор на…