Лукашенко: Се подготвуваме за војна, но правиме сè за да ја избегнеме
Се подготвуваме за војна, но правиме сè што е можно за да ја избегнеме. Таа не ни е потребна ниту нам, ниту вам. Сепак, за да се спречи нејзиното избувнување, човек мора секогаш да биде подготвен. Затоа, нашите заеднички сили во западниот правец секогаш ќе бидат потребни, а денес тие се во добра состојба“, рече Лукашенко.
Белорускиот лидер ѝ се заблагодари на Москва за помошта во воспоставувањето контрола преку употреба на различни технички средства долж периметарот на Сојузната држава, а особено долж нејзините граници со Украина и западните земји.
„Со оглед на конфликтот во Украина, вашите системи, како што се радарите и слично, се многу напредни. Вклучено е руското искуство, како и многу руски ресурси. Кога неодамна се сретнав со претседателот на Русија, разговаравме за тоа. Тој вети: ’Ќе помогнеме во врска со тоа“ – рече Лукашенко.
Лукашенко додаде дека Сојузната држава ја надгледува целата територија долж границата.
„Станува збор за околу 3.000 километри, доколку се вклучи и границата кон Западот и Украина. Се разбира, таа мора да биде покриена со системи за мониторинг и надзор. Во тој поглед, вршиме прилично добра работа“, заклучи белорускиот лидер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лукашенко: Се подготвуваме за војна, но правиме…
Се подготвуваме за војна, но правиме сè…
Мицкоски со претседателката на ЕБОР: Разговарано за…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во рамки на…
Голем пад на светските берзи: Нафтата и…
Светските берзи се соочуваат со нов притисок…
Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните…
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска пред…
Мицкоски: Нема да отстапиме од македонските национални…
Уставните измени секогаш ќе не потсетуваат на…