Лула: Трамп нема право да им се заканува на други земји
Бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва, го критикуваше својот американски колега Доналд Трамп велејќи дека тој „нема право“ да се заканува на други земји, објави АФП.
Коментарите на Лула дојдоа откако Трамп овој месец предупреди дека „целата цивилизација ќе умре“ во Иран ако Техеран не го отвори Ормутскиот теснец.
„Трамп нема право да станува наутро и да се заканува на земја“, изјави бразилскиот лидер за шпанскиот весник „Ел Паис“, истакнувајќи дека според американскиот устав претседателот ја дели одговорноста за војната и надворешната политика со Конгресот.
„Клучно е моќните лидери да преземат поголема одговорност за одржување на мирот“, додаде тој.
Левичарскиот претседател на Бразил и неговиот 79-годишен американски колега, десничарски популист, се судираат по низа прашања, вклучувајќи го мултилатерализмот, меѓународната трговија и борбата против климатските промени, објави АФП. Односите меѓу Бразил и Вашингтон остануваат затегнати и покрај средбата меѓу двајцата претседатели минатата година, што доведе до мало ублажување на тензиите и намалување на царините.
Лула го повтори својот повик за реформа на Советот за безбедност на Обединетите нации, вклучително и укинување на правото на вето на петте постојани членки на телото и вклучување на повеќе земји од Африка и Латинска Америка.
„Време е да се редефинираат Обединетите нации за да им се даде кредибилитет“, рече Лула.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лула: Трамп нема право да им се…
Бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва,…
Трамп потврди: Од вечерва стапува на сила…
Во објава на социјалната мрежа Truth Social,…
Неготинец повикан на разговор поради воени видеа…
Еден млад жител на Неготино на сопствена…
Специјализациите во медицината од шест се скратуваат…
Реформите на системот на специјализација и субспецијализација…
Американската војска е подготвена да продолжи со…
Американските сили на Блискиот Исток се подготвени…