Трамп потврди: Од вечерва стапува на сила десетдневно примирје меѓу Израел и Либан
Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп прецизираше дека примирјето ќе стапи на сила во 17 часот по источноамериканско време, односно во 23 часот по централноевропско време.
Тој изјави дека во текот на денот имал „одлични разговори“ со либанскиот претседател Џозеф Аун и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
„Овие двајца лидери се согласија дека, со цел да се постигне МИР меѓу нивните земји, официјално ќе започнат десетдневно примирје во 17 часот по источно време“, напиша Трамп.
Тој потсети дека претставници на двете земји се сретнале со американскиот државен секретар Марко Рубио во Вашингтон во вторник, за прв пат по 34 години.
„Им наложив на потпретседателот Џеј Венс и на државниот секретар Рубио, заедно со началникот на Здружениот штаб, Ден Кејн, да работат со Израел и Либан за да постигнат траен МИР. Ми беше чест да решам 9 војни низ целиот свет, а оваа ќе биде мојата 10-та, па ајде да го сториме тоа“, рече Трамп, пренесе „Танјуг“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОНРЕДНА ВЕСТ: Итна воздушна тревога во шест…
Романскиот Генерален инспекторат за вонредни состојби (IGSU)…
Честитка од Марко Рубио: САД се горди…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати честитка…
ВЛЕН: Македонија станува подобра дестинација за инвестиции
Северна Македонија гради поповолна клима за инвестиции,…
Костадин Костадинов доби син: Добредојде на свет,…
Поранешниот градоначалник на Општина Струмица, Костадин Костадинов,…
Србија се подготвува за нуклеарната ера: Се…
Министерката за рударство и енергетика, Дубравка Ѓедовиќ…