Маж од Кочани е пронадејн мртов, две недели се водеше како исчезнат
Телото на 75-годишен маж од Кочани, кој се водел како исчезнат од почетокот на месецов, било пронајдено на непристапен терен меѓу селата Јастребник и Бабиште, информира Министерството за внатрешни работи.
На 13 јуни 2026 година во 08:22 часот во СВР Штип било пријавено дека на некатегоризиран пат помеѓу селата Јастребник и Бабиште, на место викано „Блага јабука“, било пронајдено тело на починато машко лице.
По преземените мерки и извршениот увид било утврдено дека станува збор за Ј.Д. (75) од Кочани, кој престојувал во селото Јастребник. За неговото исчезнување на 1 јуни 2026 година во полиција пријавил неговиот внук, откако се оддалечил од домот и не се вратил.
Телото било извлечено од екипи на Територијалната противпожарна единица Кочани и Доброволната планинарска служба „Осогово“.
По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција, по што ќе бидат познати повеќе детали за причините за смртта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Маж од Кочани е пронадејн мртов, две…
Телото на 75-годишен маж од Кочани, кој…
Али Ахмети најави повлекување од лидерската функција…
Лидерот на опозициската Демократска унија за интеграција,…
Техеран и Вашингтон пред историски договор: 25…
Според нацрт-меморандумот за разбирање со САД, Иран…
Со 244 километри на час „летал“ по…
На автопатот Скопје – Гевгелија, кај село…
ДУИ: Кога недостасуваат аргументи, ВЛЕН се обидува…
Последните изјави на ВЛЕН претставуваат јасен обид…