ДУИ: Кога недостасуваат аргументи, ВЛЕН се обидува да го пренасочи вниманието со клевети и политичка реторика

t

Последните изјави на ВЛЕН претставуваат јасен обид да се одвлече вниманието на јавноста од реалноста: дека проектот за автопатот Скопје-Блаце не е нивна креација, туку проект кој беше започнат, финансиран и институционално воден за време на владеењето на ДУИ.

Наместо да дадат одговор зошто беа изгубени две години во одложувања, ревидирања и пропаганда, тие избираат повторно да се навраќаат на инсинуации и неосновани обвинувања за прашања кои немаат никаква врска со изградбата на автопатот. Тоа е добро позната политичка тактика: кога недостигаат резултати и аргументи, се настојува јавната дебата да се доминира со клевети.

Фактите се јасни. Трасата, проектот и процедурите за автопатот Скопје-Блаце беа поставени многу порано, а денес се реализираат врз темелите создадени во тој период. Граѓаните знаат дека инфраструктурата не се гради со прес-конференции, туку со планирање, проекти и институционални одлуки.

Подеднакво неосновано е и тврдењето дека корупцијата исчезнала со нивното доаѓање на власт. Борбата против корупцијата не се води со политички слогани, туку со независни институции, транспарентност и отчетност за секој функционер, без исклучок.

ДУИ нема да падне во замката на дебата исполнета со лични етикетирања и обвинувања без докази. Ние ќе продолжиме да зборуваме со факти и да го браниме јавниот интерес.

Наместо пропаганда и обиди за препишување на историјата, ВЛЕН треба да им објасни на граѓаните зошто наследените проекти ги претставува како свои достигнувања и зошто нивната енергија се троши на политички напади, наместо на забрзување на реализацијата на инвестициите што граѓаните ги очекуваат.

Наместо да трошат време на создавање политички наративи и напади врз ДУИ, раководството на ВЛЕН треба да биде многу покритично кон самото себе и да се фокусира на исполнување на ветувањата што ги даде пред граѓаните. Тие добија доверба за да ја реализираат својата програма, а не постојано да бараат оправдувања и да ја пренасочуваат дебатата кон теми што не ги решаваат вистинските проблеми на граѓаните. Нивната одговорност се мери според резултатите што ги постигнуваат денес, а не според обвинувањата што ги упатуваат кон другите. До ден денеска, тие се само едно големо „НИШТО“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ: На Воената академија – 0 кадети…

Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение…

ДУИ бара брзи предвремени парламентарни избори!

ДУИ бара брзи предверемени избори по победата…

(Видео) ДУИ ја прославува победата во Брвеница

Демократската унија за интеграција (ДУИ), како предводник…

Официјално: Кандидатот на ДУИ победи во Брвеница

Кандидатот на ДУИ, Аркин Јахиј, победи во…

ВЛЕН: Платите растат како резултат на новите…

Подобрувањето на животниот стандард е во центарот…