Македонска компанија воведува четиридневна работна недела

t

„Магнометал“ ДООЕЛ денес објави дека, почнувајќи од 1 јануари 2026 година, ќе започне со пилот-проект за воведување на 4-дневна работна недела за своите вработени, без намалување на платата.

Оваа револуционерна иницијатива ја прави „Магнометал“ првата трговска компанија во Западен Балкан и поширокиот регион што храбро го усвојува овој модел, поставувајќи нов стандард за продуктивност и работна култура.

„Како трговска компанија, нашиот успех директно зависи од ефикасноста и фокусот. Ние сме

убедени дека 4-дневната работна недела ќе ја зајакне благосостојбата на нашиот тим и ќе ја

оптимизира нашата оперативна продуктивност“, изјави Радослав Галиќ, сопственик и управител на компанијата „Магнометал“ ДООЕЛ. „Нашата позиција како пионер во регионот ја одразува нашата посветеност кон иновациите, не само во трговијата, туку и во начинот на кој ги третираме нашите вработени. Ова е доказ дека одличната работа може да се постигне попаметно, а не подолго.“

Од компанијата очекуваат оваа мерка да донесе повисока продуктивност, но и ќе биде моќност за подобрена благосостојба, односно ќе обезбеди подобар баланс помеѓу работата и приватниот живот на вработените.

Воедно, мерката треба да придонесе за привлекување и задржување на врвни таленти преку нудењесовремени и флексибилни услови за работа.

Како ќе функционира

Резултатите на пилот проектот ќе бидат мерени во текот на шест месеци според објективни

индикатори, вклучувајќи ја вкупната продуктивност, задоволството на клиентите и ангажираноста на вработените.

За да се обезбеди континуирана услуга за клиентите, „Магнометал“ ДООЕЛ ќе имплементира

стратегии за покривање, како што се дежурства, за да се осигура дека клиентите нема да забележат прекин во квалитетот на услугата.

„Магнометал“ ДООЕЛ е водечка трговска компанија во доменот на градежната опрема и опремата за патна инфраструктура, посветена на квалитет, иновации и создавање на најдобра можна работна средина. Со седиште во Скопје, компанијата скоро 35 години распространува модерни градежни технологии во регинот на Западен Балкан

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонска компанија воведува четиридневна работна недела

„Магнометал“ ДООЕЛ денес објави дека, почнувајќи од…

Почина и третиот обвинет за смртта на…

Неколку дена откако јавно беше објавена пресудата…

Земјиште се лизга кај Липково — општинскиот…

Кризниот штаб на општина Липково бара итна…

Газдата на „Дурмо Турс“ повторно го одложи…

Сопственикот на „Дурмо Турс“, Дурмиш Белули, осуден…

ЕУ го предупредува Трамп: Путин мора да…

Претседателот на САД постојано го опишува својот…