Земјиште се лизга кај Липково — општинскиот кризен штаб бара помош од надлежните служби

t

Кризниот штаб на општина Липково бара итна интервенција од надлежните институции поради појава на лизгање на земјиштето во месноста Кисела Вода, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи – Куманово.

Баран е итен увид и реакција од Центарот за управување со кризи (ЦУК), Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), „Македонија пат“ и од полициската станица Матечје.

Од Кризниот штаб посочуваат дека е потребно институциите да излезат на терен и да направат увид во делот околу мелницата и на регионалниот пат што води кон влезот во селото Липково.

РЦУК Куманово пренесува и информација од „Македонија пат“ – Куманово, каде што укажале дека стручни лица од Градежниот факултет треба да го испитаат теренот за да се утврдат следните чекори и можните интервенции во селото Липково.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ХОРОР ВО ЛИПКОВО! НАЈМАЛКУ 17 ЛУЃЕ СО…

Голема група насилници со месеци сексуално злоупотребувала…

Во Липково пронајдени 1233 парчиња пиротехнички средства

Во продажен објект во Липковско пронајдени 1233…

Земјиште се лизга кај Липково — општинскиот…

Кризниот штаб на општина Липково бара итна…

Не се наплаќале даноци, не се постапувало…

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на…

ОЈО: Нема индиции за политички мотиви за…

Во пукање пред Општина Куманово денеска е…