Објавено на:

Македонски национален совет: Споменикот „Мајка Македонија“ не е политичка провокација, туку симбол на сеќавање

t

Македонскиот национален совет објави дека иницијативата за поставување на споменикот „Мајка Македонија“ во Нови Сад нема никаква политичка, територијална или меѓународна конотација. Тие додадоа дека иницијативата е израз на желбата да се одбележат осум децении од организираното населување на Македонците во Војводина и нивниот придонес во развојот на Нови Сад, Војводина и Србија, откако претходно пристигнаа реакции и од Грција и од Бугарија кои се против поставување на споменикот.

Реагирајќи на изјавата на Граѓанската партија на Грците на Србија во врска со оваа иницијатива, Македонскиот национален совет изјави дека името „Мајка Македонија“ претставува симбол на потеклото, татковината, историскиот и културниот идентитет на македонскиот народ.

„За Македонците од целиот свет, без оглед во која земја живеат денес, овој симбол претставува сеќавање на нивните корени, традиција и културно наследство“, се вели во соопштението, нагласувајќи дека тоа не значи негирање на правото на другите народи да се идентификуваат со своето историско и културно наследство.

Mакедонскиотнационален совет соопшти дека споменикот е замислен од самиот почеток како инклузивен, а не ексклузивен симбол и дека културните симболи треба да бидат „мостови на меѓусебно почитување, разбирање и дијалог“. „Со жалење забележуваме дека иницијатива посветена на зачувување на идентитетот на една национална заедница во Србија се претставува како политичка провокација или средство за водење меѓународни спорови“, се вели во соопштението. Се додава дека Македонците во Србија, покрај зачувувањето на своето национално потекло, се лојални граѓани на Република Србија и се дел од нејзиното општество повеќе од осум децении, придонесувајќи за економскиот, културниот, образовниот и социјалниот развој на земјата.

Македонскиот национален совет нагласува дека негувањето на идентитетот на една заедница не може да се сфати како закана за идентитетот на друга заедница, туку дека Србија ја црпи својата сила од различноста, меѓусебното почитување и правото на националните малцинства да го негуваат својот јазик, култура, традиција и историско сеќавање.

„Мајка Македонија“, наведуваат тие, треба да биде траен симбол на почит кон предците, зачувување на културниот идентитет и значаен јубилеј на Македонската заедница во Република Србија. Националниот совет на грчкото национално малцинство во Србија се обрати до Градското собрание на Нови Сад и до Советот за култура и информации во врска со иницијативата за поставување јавен споменик „Мајка Македонија“. Во писмо испратено до претседателката на Градското собрание на Нови Сад, Дина Вучиниќ, Грчкиот национален совет наведува дека пред да се донесе конечна одлука за поставување на споменикот, иницијативата треба да се разгледа од неколку агли и да се добијат мислења од надлежните политички и историски институции. Како што наведуваат, имиграцијата на населението од јужен Балкан во самата Војводина не е спорна, но сметаат дека името на споменикот „Мајка Македонија“ би можело да предизвика различни историски толкувања и да биде предмет на несогласувања меѓу балканските народи. Грчкиот национален совет, исто така, оценува дека симболиката на споменикот, кој според претходните најави треба да претставува мајка со две деца во рацете како симбол на имиграцијата на Македонците во Нови Сад, бара дополнително внимание.

„Не ја гледаме целесообразноста и неопходноста од поставување и оправдување на таков, според нас, непотребен историски „кич“ во Војводина и Нови Сад“, се наведува во писмото, потпишано од претседателот на Грчкиот национален совет, Петар Родифчис Наѓ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонски национален совет: Споменикот „Мајка Македонија“ не…

Македонскиот национален совет објави дека иницијативата за…

Грција и Бугаријa против „Мајка Македонија“ во…

Иницијативата за подигнување споменик „Мајка Македонија“ во…

(Фото) Македонци во Пефкохори останаа без регистарски…

Во Фејсбук групата „Грчка Инфо“ е објавено…

Поради топлотниот бран во Србија се троши…

Министерката за рударство и енергетика на Србија,…

Србија и Албанија се договориле да отвораат…

Србија и Албанија начелно се договориле да…