Објавено на:

Грција и Бугаријa против „Мајка Македонија“ во Нови Сад

t

Иницијативата за подигнување споменик „Мајка Македонија“ во Нови Сад предизвика реакции во Србија, Грција и Бугарија. Предлогот го поднесе Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија по повод 80-годишнината од доселувањето на Македонци во Војводина, јавува „Данас“.

Станува збор за бронзена скулптура висока околу два метри, која би прикажувала жена во традиционална македонска носија со две деца – едното свртено кон Србија, а другото кон Северна Македонија. Автор на проектот е скулпторот Синиша Новески. Советот за култура и информирање на Собранието на Нови Сад побара дополнително мислење од ЈП „Урбанизам“ и Заводот за заштита на спомениците на културата.

Предлогот наиде на остри реакции од Граѓанската партија на Грците во Србија, која побара властите во Нови Сад да ја отфрлат иницијативата. Од партијата оценија дека споменикот би претставувал „длабоко непочитување кон грчкиот народ и држава“, а особено спорен го сметаат називот „Мајка Македонија“. Според нив, станува збор за историски и географски ревизионизам и присвојување на име кое го поврзуваат со грчкото историско наследство.

Реакции има и во Бугарија, каде што иницијативата се толкува како дел од поширокото српско влијание на Балканот, пишува „Актуелно“. Во бугарските реакции се посочува дека традиционалната носија претставена на скулптурата е поврзана со фолклорното наследство на историско-географската област Македонија, поради што споменикот се оценува како провокација кон бугарската историска меморија.

Особено внимание предизвикува симболиката на двете деца – едното свртено кон Србија, а другото кон Северна Македонија. Во бугарските оценки ова се толкува како порака за српското влијание во Северна Македонија и како дел од концептот за т.н. „Српски свет“.

Во бугарските реакции дополнително се потсетува и на историскиот контекст на Вардарска Македонија по Првата светска војна. Се наведуваат репресии врз македонските Бугари и ограничувањето на бугарската просветна и црковна дејност во периодот на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците. Оттука, во Софија се поставува прашањето дали користењето на симболи од македонското фолклорно наследство во споменикот претставува обид за присвојување и преобликување на историското наследство на регионот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србија отвори фабрика за израелски дронови, Вучиќ…

Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека денеска…

Македонците во Бугарија реагираат на изјавата на…

ОМО „Илинден“ – Пирин ги отфрли тврдењата…

Во Кожани ќе се гради ДАТА ЦЕНТАР…

Еден од најголемите центри за податоци во…

Македонската партија во Србија застана зад Студентската…

Македонската партија на Србија јавно ја поддржа…

ХОРОР ВО БУГАРИЈА: Татко си го убил…

Денес, околу 11:20 часот, пристигна пријава за…