Македонскиот кардиолог Сашко Кедев влезе во Гинис како најстариот алпинист во светот кој ги искачил сите 14 врвови над 8.000 метри

t

Македонскиот кардиолог, професор и алпинист Сашко Кедев е најстариот алпинист во светот кој се искачил на сите 14 планини повисоки од 8.000 метри.

Со искачување на врвот Гашербрум I Кедев го заокружи овој предизвик на 20 јули 2025 година, на возраст од 63 години и 14 дена, со што влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстарата личност во светот што се искачила на сите планински врвови над осум илјади метри надморска височина.

Д-р Кедев, кој е роден на 6 јули 1962 година, исто така, е најстарата личност која ги искачила сите планини повисоки од 8.000 метри, како и „Седумте врвови“ (највисоките точки на секој од континентите).

Овој подвиг го остварил во периодот помеѓу 14 јануари 2008 година (Аконкагва во Јужна Америка) и 6 ноември 2011 година (Пункак Џаја, познат и како Пирамида Карстенц, во Океанија).

Планини над 8.000 метри, коишто ги има освоено Кедев се:

Еверест: 19 мај 2009

Манаслу: 27 септември 2021

Дхаулагири I: 9 април 2022

К2: 22 јули 2022

Брод Пик: 29 јули 2022

Анапурна I: 15 април 2023

Нанга Парбат: 2 јули 2023

Чо Оју: 2 октомври 2023

Макалу: 5 мај 2024

Лхоце: 13 мај 2024

Гашербрум II: 22 јули 2024

Шиша Пангма: 4 октомври 2024

Канченџунга: 23 мај 2025.

Гашербрум I: 20 јули 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во ноември минатата година го одликува Кедев со Орден „8 Септември“, за особените заслуги во медицината, како и за историскиот подвиг во алпинизмот како прв Македонец којшто ги искачил 14-те светски планински врвови над 8 000 метри надморска височина.

Кедев, на доделувањето на наградата, порача дека освојувањето на 14-те највисоки врвови во светот го смета за национален успех којшто го посвети на сите Македонци.

– Тоа што ми даде сила беше токму тоа да го однесам македонското знаме и македонското име на сите врвови. Тој успех го посветувам на сите граѓани и сите Македонци каде и да се во светот, порача Кедев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонскиот кардиолог Сашко Кедев влезе во Гинис…

Македонскиот кардиолог, професор и алпинист Сашко Кедев…

Рекорден број Руси заминуваат во Грузија, Ерменија…

Сè повеќе Руси ја напуштаат земјата, а…

Демонстрантите во Тирана се обидоа да ги…

За време на вчерашниот протест во Тирана,…

(Видео) Голем пожар во индустриската зона на…

Голем пожар избувна во индустриската зона на…

Нема повеќе да роварат одвнатре – велат…

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија објави…