Македонските аеродроми рушат рекорди
Аеродромите рушат рекорди и тоа е резултат на субвенциите за нови линии и инвестициите што ги правиме во аеродромите, вели заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.
” Oна што било проектирано за 2030 година, веќе го постигнуваме во 2026 година и ќе продолжи да расте во следниот период. Секако, една од основните причини за тоа е изградбата на нова терминална зграда, на помошните простории. Практично, еден нов аеродром добивме, кој што со својата функционалност, но и со својата убавина, привлекува патници, привлекува туристи и очекувам во следниот период да се зголемува и бројот на летови. Во однос на скопскиот, исто така, рушиме рекорди. Очекувам само скопскиот аеродром да помине 3, 6 милиони патници и ако имаме малку среќа, очекувам до крајот на годината да можеме да имаме една убава церемонија за 4 милиони патници на двата аеродроми, што споредено со 2,4 милиони патници во 2024 година е еден огромен скок”-истакна вицепремиерот Николоски.
Тој најави нови чартер летови со туристи со два авиони дневно кои би слетувале на охридскиот аеродром.
“Она што е мое очекување, сè уште не сме потврдени, но мислам дека сме блиску, е големи чартер тури, кои што почнуваат да се прават во државата, кои што би значеле најмалку 2 авиони дневно со туристи, надвор од сезоната, во период од октомври до мај, да го потврдиме во следниот период и тоа да е додадена вредност на охридскиот аеродром” – истакна Николоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонските аеродроми рушат рекорди
Аеродромите рушат рекорди и тоа е резултат…
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…