Македонските државјани кои загинаа во тешката сообраќајка во Словенија се од село Житинени, Општина Центар Жупа
Тројцата македонски државјани, едно возрасно лице и две деца кои загинаа во тешката сообраќајна несреќа во Словенија се од село Житинени, Општина Центар Жупа.
– Немам зборови со кои би ја искажал тагата од оваа страшна трагедија која ги потресе жителите на нашата општина. Семејството е по потекло од село Житинени, а живеат во Равена Италија. Се молиме, за закрепнување на другите две повредени лица, кусо за МИА изјави градоначалникот Аријан Ибраим од општина Центар Жупа.
Во автомобилот, според него биле родителите на децата и нивната баба, мајка на возачот.
Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, порано денеска, соопштија дека тројца македонски државјани, едно полнолетно и две малолетни лица, загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера на автопатот А1 во близина на Унец, Словенија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонските државјани кои загинаа во тешката сообраќајка…
Тројцата македонски државјани, едно возрасно лице и…
Пензионер од Неготино отишол да работи, па…
Неготинец во полиција пријавил измама од 280.000…
Исланд утре на референдум одлучува за преговорите…
Тесно мнозинство од исландските гласачи се противат…
Мицкоски: Цврсто стојам зад изградбата на дата-центри
Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Берово повторно…
Седум активни пожари и три под контрола:…
На ден 28.08.2026 година, до 13:00 часот,…