Макрон: Европа мора да се спротивстави на враќањето на национализмот
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска повика Европа повторно да ја пронајде „храброста на своите основачи“ и да се спротивстави на „враќањето на национализмот“. Тој својата визија за суверена, обединета и безбедна Европа ја претстави во Мец, на средба посветена на европската изградба и мир, на која присуствуваше и папата Лав XIV, јави „Еуроњуз“.
Макрон говореше во Лотарингија, регионот на границата со Германија, Белгија и Луксембург, каде што е погребан Робер Шуман, еден од идејните основачи на европскиот проект.
„Овде чука илјадагодишното срце на Европа – Европа која штити, обединува и дејствува. Тоа е суверена и демократска Европа, водена од проектот на мир и просперитет“, рече Макрон.
Тој порача дека Европа мора да има храброст да стане сила на мирот, независноста и демократијата и да не попушта пред изолационизмот, омразата кон другите и национализмот.
„Потребна ни е храброст да не попуштиме пред изолационизмот, омразата кон другите и враќањето на национализмите кои внесуваат поделби“, нагласи францускиот претседател.
Во обраќањето, Макрон истакна дека европскиот проект е изграден врз грчко-римското и јудео-христијанското наследство, француско-германското помирување и волјата на народите кои по Втората светска војна се ослободиле од диктатурите. Според него, Европа денес повторно се соочува со притисок од „враќањето на империите“.
„За да обезбедиме вистински суверенитет, мора да дејствуваме. Приоритет е работата на нашата безбедност и зачувувањето на нашите вредности. Мирот не се прогласува со декрет, туку трпеливо го градат разумни и истрајни луѓе со добра волја“, порача Макрон.
Тој додаде дека Европа „не е сила која ги брише нациите, туку сила која ја продолжува и зголемува нивната способност за дејствување и управување со сопствената судбина“.
Како дел од европското наследство, Макрон ги посочи слободата, критичкото размислување, посветеноста на науката, либералната демократија, како и капитализмот и слободната трговија поврзани со социјалната држава и социјалната демократија.
Подоцна во Мец, францускиот претседател присуствуваше и на миса што ја предводеше папата Лав XIV, со кого Макрон се сретна и во петокот во Елисејската палата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ разговараше со Макрон: Србија е посветена…
Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше телефонски со…
Макрон: ЕУ не го искористи својот пазар…
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Европската…
Франција има нова влада по неколкунеделната политичка…
Претседателот Емануел Макрон именуваше нова влада предводена…
Илјадници протестираа низ Франција откако Макрон ги…
Илјадници демонстранти излегоа на улиците низ Франција,…
Францускиот претседател Макрон утре и задутре во…
Францускиот претседател Емануел Макрон утре и задутре…