Мала Преспа е доказ дека границите не можат да го избришат идентитетот, порача Мицкоски од Пустец

t

Чест ми е што денеска сум меѓу Македонците од Мала Преспа, која е доказ дека границите можат да ги поделат териториите, но, не можат да ги избришат јазикот, културата и чувството на припадност, објави попладнево на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски, кој е покровител на македонскиот фолклорен фестивал „Преспа“, што се одржува денеска на плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец, во организација на Македонското друштво „Преспа“, Здружението „ВМРО ДПМНЕ Албанија“ и Општина Пустец.

Од Мала Преспа премиерот порача дека ќе трае врската на Македонија и Македонците во Албанија.

– Со особена чест денес сум меѓу Македонците од Мала Преспа и како покровител на фестивалот ја испраќам пораката дека Македонија е со вас. Ќе продолжиме да ја јакнеме соработката и поддршката за македонскиот јазик, култура и традиција, затоа што нашето наследство не е само спомен од минатото, туку богатство што го градиме и за идните генерации. Нека трае македонскиот збор, нека трае македонската песна, нека трае врската меѓу Македонија и Македонците од Мала Преспа – објави премиерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мала Преспа е доказ дека границите не…

Чест ми е што денеска сум меѓу…

Двегодишно дете заврши во болница во Куманово…

Двегодишно дете вчера завршило во кумановската болница…

Мицкоски: Правата на Бугарите во Македонија се…

„Политиката се темели на разговори. Јас сум…

„Шкода“ изгоре во Куманово, сопственост на државна…

Автомобил „Шкода“, сопственост на државна институција, вчера…

Бесент им се закани на Иран и…

Американскиот министер за финансии, Скот Бесент, денес…