Објавено на:

Мамдани: Нападот во Сиднеј е одвратен чин на антисемитски тероризам

t

Нападот врз еврејската заедница на плажата Бонди во Сиднеј, во кој загинаа 12, а 29 лица беа повредени, е „одвратен чин на антисемитски тероризам“, изјави денес новоизбраниот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, изразувајќи сочувство до семејствата на жртвите и целата еврејска заедница.

„Уште една еврејска заедница е во жалост, а празникот на светлината е претворен во ден на темнина. Нападот на плажата Бонди е најновата и најстрашна манифестација на растечкото насилство врз Евреите низ целиот свет“, рече Мамдани во објава на социјалната мрежа X.

Градоначалникот на Њујорк додаде дека многумина повеќе не се чувствуваат безбедно да бидат тоа што се, јавно да ја практикуваат својата вера или да се молат во синагоги без обезбедување.

„Тагувам за оние што беа убиени и ќе се молам за нивните семејства, еврејската заедница и движењето Хабад. Нека спомените на сите убиени бидат благослов“, заклучи Мамдани.

Најмалку 12 лица беа убиени, вклучувајќи го и еден од двајцата напаѓачи, а 29 други беа повредени во пукотница врз членови на еврејската заедница кои се собраа да го прослават празникот Ханука на плажата Бонди во Сиднеј, според најновите податоци, објавија претходно австралиските медиуми, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мамдани: Нападот во Сиднеј е одвратен чин…

Нападот врз еврејската заедница на плажата Бонди…

Сирија започна операција против Исламска држава

Операциите против ќелиите на Исламска држава (ИСИС)…

Бериша најави национални протести во Албанија и…

Лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Сали…

Експравобранителот Стафа примил поткуп за да издејствува…

Љупчо Пецов, познат под прекарот Ѓаволот, е…

Сведок на терористичкиот напад: Преживеал напад на…

Човек со крваво лице и завој околу…