Објавено на:

Сведок на терористичкиот напад: Преживеал напад на Хамас, се преселил во Австралија пред две недели, сега е погоден во Сиднеј

t

Човек со крваво лице и завој околу главата го опиша пукањето на плажата Бонди во Сиднеј како „крвопролевање и апсолутен колеж“. Во изјава за австралиската 9News, тој рече дека бил на плажа со своето семејство за прослава на Ханука, на која присуствувале стотици луѓе – деца, постари лица и семејства кои тивко уживале во вечерата.

„Децата си играле на фестивалот, а потоа одеднаш настанал целосен хаос. Имало истрели, луѓето паѓале на земја, сите се криеле – тоа бил целосен хаос“, рече тој, додавајќи дека во тоа време никој не знаел од каде доаѓа престрелката.

Неименуваниот сведок изјави дека живеел во Израел во последните 13 години и дека ги преживеал нападите на 7 октомври 2023 година. Тој рече дека дошол во Австралија пред две недели за да работи со еврејската заедница во борбата против антисемитизмот.

За време на нападот, тој видел барем еден напаѓач како пука „случајно, во сите правци“ додека луѓето паѓале околу него.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ал Шара: САД ја отстрани Сирија од…

Сирискиот претседател Ахмед ал-Шара ја поздрави одлуката…

ДУИ: Официјални документи докажуваат дека проектот Скопје-…

Официјалните документи докажуваат дека проектот за изградба…

Протест на земјоделците од струмичко, бараат повисока…

Само неколку дена траеше договорот за откупната…

Сите државни ресурси ангажирани на терен за…

Од утринските часови продолжуваме со интензивни активности…

(Видео) Украински пилот со „бакнеж на смртта“…

На социјалните мрежи се прошири видео на…