Манасиевски: Го снема Филипче по успехот на изборите во Брвеница, дали е на јахтата на Заев или во Дубаи на одмор?
По успехот кој го имаше СДС на предвремените локални избори во Брвеница, со пад од 8% во однос на минатите избори во 2025 година, Филипче го снема од медиумскиот простор.
Иако знаеше секој ден да излегува и да беседи на прес-конференции, сега по историскиот успех кој го направи во Брвеница, изгледа се уште е во еуфорија, па сигурно отишол да прослави некаде, посочи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на прес-конференција.
Дали прославата од Бихаќка, Филипче ја однесе на јахтата на Заев на Егејското море или отиде на рехабилитација во Дубаи?
По таков огромен успех на изборите во Брвеница, каде што СДС беа декласирани од ВМРО-ДПМНЕ со 4 спрема 1, очекувавме од Филипче да не причести со една прес-конференција и да каже дека победиле на изборите.
Шегата на страна, СДС со Филипче слави пораз од 4 спрема 1 на избори. СДС со Филипче слави да биде 4 партија во Македонија, а и под знак прашалник е дали на следните избори ќе бидат и прва опозиција по бројот на пратеници во собранието.
Сепак, ВМРО-ДПМНЕ му дава огромна поддршка на Венко Филипче, му ги честитаме успесите и посакуваме уште многу вакви успеси какви што имаше во Брвеница.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Манасиевски: Го снема Филипче по успехот на…
По успехот кој го имаше СДС на…
Левица: Прифаќаме преговори, но само во рамки…
Понудата на Мицкоски за учество на опозицијата…
ВМРО-ДПМНЕ: „На Филипче ништо не му чини…
Венко не може да ги обвинува сите…
ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и…
Оние кои и ги направија најголемите предавства,…
Манасиевски: Филипче на одмор кај Заев во…
Венко Филипче, преостанатиот талог од СДС, со…