Маскиран упаднал во обложувалница: Со закана зел пари и побегнал

t

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен на 18 септември во 00:30 часот во СВР Тетово.

Според пријавата, инцидентот се случил претходната вечер, околу 22:50 часот, во спортска обложувалница на улицата „Илинденска“. Осомничениот, кој бил маскиран, ѝ се заканил со нож на вработената и од неа одзел пари. По извршеното разбојништво, лицето го напуштило објектот и се оддалечило од местото.

Полицијата извршила увид на местото на настанот, а во тек се мерки и активности за пронаоѓање на лицето и целосно расчистување и документирање на случајот.

Од МВР велат дека по утврдувањето на сите околности ќе следуваат соодветни мерки согласно закон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маскиран упаднал во обложувалница: Со закана зел…

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека…

Тројца уапсени за предизвикување пожар на депонија…

На 17.09.2026 во 19.30 часот на депонијата…

Иран почна масовна мобилизација: Над 600.000 се…

Иран влегува во нова фаза на воена…

Тежок инцидент во Скопје: Малолетник нападнат од…

Малолетник се здобил со тешки телесни повреди…

Мерц: Ерата на безусловно трансатлантско пријателство веројатно…

Ерата на „безусловно трансатлантско пријателство“ веројатно е…