Мајка бара итна реакција од институциите откако со нејзиното дете биле нападнати од бездомни кучиња кај Цементарница

t

Скопјанка на социјалните мрежи сподели дека три бездомни кучиња ја нападнале во близина на Цементарница во Кисела Вода додека пешачела со нејзиното малолетно дете.

Немилиот настан се случил на тротоарот кај булеварот „Борис Трајковски“, во близина на бензиската „Лукоил“, додека жената пешачела со своето седумгодишно дете и била нападната од бездомните кучиња, поради што тие биле приморани да истрчаат на главната улица.

„За влакно избегнавме сериозни повреди. За да се спасиме, бевме принудени да истрчаме на улица по која се движеа автомобили, дополнително загрозувајќи ги нашите животи“, вели таа.

Таа веднаш го пријавија нападот во полиција, од каде и појасниле дека тие не се надлежни за бездомните кучиња и ја упатиле настанот да го пријави во ЈП „Лајка“, кое е преполно и нема капацитет да ги задржи сите улични животни, па и затоа претпријатието работи на принцип – залови, стерилизирај и врати на локација.

Мајката побара институционална реакција за решавање на овој проблем со кој секојдневно се соочуваат голем број скопјани, пред, како што вели таа, да се случи некој немил настан.

-Кој ќе сноси одговорност? Некој мора конечно да преземе одговорност и да обезбеди безбедни улици за нашите деца! За случајот веднаш пријавив во полиција, од каде што бев упатена дека ЈП „Лајка“ е надлежна за заловување на кучињата. До кога одговорноста ќе се префрла од една институција на друга? Не бараме изговори, туку конкретна реакција и одговорност. Дали навистина треба да се случи трагедија, да настрада дете, за институциите сериозно да си ја сфатат работата? Безбедноста на граѓаните, а особено на децата, не смее да биде ничија туѓа надлежност- вели таа.

Изминативе неколку недели скопјани од различни општини пријавуваа напади од улични кучиња, но проблемот се провелекува последните неколку години, а скопјани постојано објавуваат слики и видеа од „нови“ глутници во нивните маала, најчесто нечипирани поради нелегалниот „дотур“ во Скопје од селата и останатите околни градови.

„Лајка“ е надлежно за заловување на кучињата, но истовремено е и со ограничен капацитет со што може привремено да задржи нешто над 180 кучиња, додека пак само минатиот месец на територија на Скопје претпријатието заловило 172 бездомни кучиња низ Скопје. Од нив 124 не биле стерилизирани, поради што добиле третман, а 105 биле вратени на локацијата каде што биле заловени, додека пак 44 кучиња добиле нов дом.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мајка бара итна реакција од институциите откако…

Скопјанка на социјалните мрежи сподели дека три…

Кучиња нападнале мајка со малолетни деца во…

Две кучиња нападнале мајка со дете во…

(Видео) Улични кучиња нападнале човек во Општина…

На улиците на Општина Карпош се забележуваат…

Скопјанка возеше велосипед на кеј ја нападна…

Скопјанката Ирена Нелковски, на социјалната мрежа „Фејсбук“…

УЖАС: Шест лица во кумановско организирале борби…

Шест лица се уапсени вчера во кумановско…