Мајката на осомничениот сериски убиец: Син ми е невин, селаните ни љубоморат затоа што имаме 250 овци

t

Мајката на осомничениот за двојното убиство во Челопек и Драгоманце во изјава за Радио Бум тврдела дека нејзиниот син не е виновен за делата што му се ставаат на товар.

Според медиумот, таа навела дека нејзиниот син имал психички проблеми, тешко комуницирал и дека го носела на лекар. Вели дека напасувал овци, бил мирен и повлечен, но дека мештаните биле љубоморни затоа што семејството имало 250 овци. Според неа, селаните често го пријавувале во полиција за наводни кражби.

„Под притисок ќе каже дека сторил нешто за што не е виновен“, тврди мајката, изразувајќи страв дека истрагата може да доведе до изнудено признание.

Од друга страна, дел од жителите на Драгоманце и Челопек, според истиот медиум, сметаат дека осомничениот не можел сам да ги испланира и изврши убиствата. Претседателот на месната заедница во Челопек, Стојан Станковски, изјавил дека мештаните се „под клуч“ и дека владее страв за безбедноста.

Соседот на семејството, Трајче Спиридоновски, тврди дека со години имал проблеми со нив и дека осомничениот го нападнал и него.

Истрагата за двојното убиство е во тек. Надлежните институции засега не изнесуваат детали за можни соучесници, ниту за психичката состојба на осомничениот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мајката на осомничениот сериски убиец: Син ми…

Мајката на осомничениот за двојното убиство во…

Мајка го тепала своето 6-месечно бебе

Денеска (10.11.2025) во 06:10 часот во скопско,…

22-годишникот кој го уби Чарли Кирк не…

ФБИ го објави идентитетот на убиецот на…

Уапсен е осомничениот за убиството на Кирк…

Осомничениот за убиството на Чарли Кирк е…

Обвинение за мајката од Хрватска која ја…

Окружниот суд во Загреб денеска го потврди…