Мајката на осомничениот сериски убиец: Син ми е невин, селаните ни љубоморат затоа што имаме 250 овци
Мајката на осомничениот за двојното убиство во Челопек и Драгоманце во изјава за Радио Бум тврдела дека нејзиниот син не е виновен за делата што му се ставаат на товар.
Според медиумот, таа навела дека нејзиниот син имал психички проблеми, тешко комуницирал и дека го носела на лекар. Вели дека напасувал овци, бил мирен и повлечен, но дека мештаните биле љубоморни затоа што семејството имало 250 овци. Според неа, селаните често го пријавувале во полиција за наводни кражби.
„Под притисок ќе каже дека сторил нешто за што не е виновен“, тврди мајката, изразувајќи страв дека истрагата може да доведе до изнудено признание.
Од друга страна, дел од жителите на Драгоманце и Челопек, според истиот медиум, сметаат дека осомничениот не можел сам да ги испланира и изврши убиствата. Претседателот на месната заедница во Челопек, Стојан Станковски, изјавил дека мештаните се „под клуч“ и дека владее страв за безбедноста.
Соседот на семејството, Трајче Спиридоновски, тврди дека со години имал проблеми со нив и дека осомничениот го нападнал и него.
Истрагата за двојното убиство е во тек. Надлежните институции засега не изнесуваат детали за можни соучесници, ниту за психичката состојба на осомничениот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мајка од Србија осудена на 15 години…
Тијана Д. (36) од Ивањица е осудена…
Мајка нападнала учителка на родителска во Аеродром
Мајка на ученик физички нападнала учителка на…
Мајката која го сними сопругот како го…
Мајката која лани го сними нејзиниот сопруг…
(Во живо) Тошковски: Починатата жена дента разговарала…
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска…
Мајката на осомничениот сериски убиец: Син ми…
Мајката на осомничениот за двојното убиство во…