МВР: Со апликацијата „Безбеден град“ за странци, значително намалена гужвата на Г.П. Табановце
Мобилната апликација за известување за направен сообраќаен прекрошок и со опција за електронски плаќање на казната но само за странски возачи „Безбеден град“ на граничниот премин Табановце, која е функција еден ден, според МВР, веќе дава резултати. Велат дека придонела за нормализирање на сообраќајот и намалување на задржувањата на Граничниот премин.
„Преку апликацијата тие можат да добијат информации за евидентираните прекршоци и издадените платни налози, како и да ги подмират глобите по електронски пат. Министерството за внатрешни работи продолжува со преземање на сите потребни мерки за обезбедување непречен проток на возила и патници преку граничните премини“, велат од МВР.
Дополнително од МВР известуваат дека од почетокот на системот „Безбеден град“ евидентирани се околу 310.000 прекршоци од кои околу 180.000 се за возила со странски регистарски ознаки.
„Во однос на прекршоците сторени од возила со странски регистарски ознаки, во периодот од почнување на функционирањето на системот „Безбеден град“ регистрирани се вкупно 180.378 прекршоци, додека во периодот од 19.08.2026 до 20.08.2026 регистрирани се 5.514 прекршоци од возила со странски регистарски ознаки“, посочија од полицијата.
Освен преку мобилната апликација која почна да функционира од вчера, На граничниот премин Табановце се отворени осум пункта каде странските возачи кои направиле прекршок , пред да ја напуштат Македонија треба да ја платат казната за брзо возење.
По хаосот што се создава на граничните премини, странските туристи најавија дека во иднина ќе ја избегнуваат Македонија и ќе патуваат преку Бугарија. Но и таму веќе со години функционира сличен систем за евидентирање на сообраќајни прекршоци, а казните се поголеми. 25 евра е казна за пречекорување на брзина до 20 км на час а до 300 евра е за пречекорување на брзината над 50 км на час.
На граничниот премин „Табановце“ вчера уапсен беше 35 годишен државјанин на Холандија бидејќи бил уловен од системот безбеден град дека возел со брзина од 168 километри на час, на место каде максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час. Против него ќе биде поденесена кривична пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР: Со апликацијата „Безбеден град“ за странци,…
Мобилната апликација за известување за направен сообраќаен…
Русите се подготвуваат за масовно заминување од…
Сè погласни се шпекулациите дека рускиот претседател…
(Видео) Возење во спротивен правец за лајкови…
Седум лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа…
Пропаднаа преговорите САД-Канада: Трамп ги активира царините…
Канадскиот премиер Марк Карни синоќа соопшти дека…
Иран дозволи премин на ирачки танкери низ…
Иран одобрил премин низ Ормускиот Теснец за…