МВР со детали за убиството во Стара чаршија
Едно лице го загуби животот, а друго е тешко повредено во крвав инцидент што се случи во првите часови од Новата година во Старата скопска чаршија.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 1 јануари 2026 година во 01:11 часот во СВР Скопје било пријавено нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка пред угостителски објект во Старата скопска чаршија, при што биле употребени остри предмети.
Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот, каде што со повреди од остар предмет биле пронајдени две лица – А.М.Д. (22) и Ч.Е. (23), двајцата државјани на Турција. Кај А.М.Д., во 01:30 часот, лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, додека второто повредено лице било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување медицинска помош.
За настанот бил известен надлежен јавен обвинител, а од МВР информираат дека се преземаат интензивни мерки и активности за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со убиството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР со детали за убиството во Стара…
Едно лице го загуби животот, а друго…
Турски државјанин е убиен, двегодишно детенце се…
Двегодишно дете е во тешка состојба на…
Лишени од слобода возачи во Кочани, Делчево,…
На 30.12 2025 во 20:56 часот, полициски…
ТРИ ГОДИНИ СИТЕ СЕ НЕНАДЛЕЖНИ ЗА ДИВОГРАДБА…
Цели три години институциите молчат додека во…
Само за еден месец регистрирани 18.318 сообраќајни…
Во периодот од 01.12.2025-28.12.2025 како резултат на…