Турски државјанин е убиен, двегодишно детенце се бори за живот на Клинички центар – Тошковски со податоци за новогодишната ноќ
Двегодишно дете е во тешка состојба на Клинички центар Мајка Тереза откако во неговото тело завршил метален фрагмент од непознато потекло, потврди предмалку на прес-конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Тошковски информираше дека ноќеска на подрачјето на СВР Скопје се случило и едно убиство неповрзано со настанот со детето. Убиен бил турски државјанин. Седум луѓе се повредиле уоптребувајќи пиротехника. Едно лице се самоповредило со пушка во Битола.
Во изминатото деноноќие, забележани се 23 сообраќајни несреќи, од кои во две има тешко повредени луѓе. Уапсени се околу 50 луѓе, во најголем дел поради дрога и нарушување на јавниот ред и мир.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја…
Министерството за внатрешни работи со проектот „Безбеден…
Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше…
Со цел да не се шират шпекулации…
Акција на МВР со ДЕА: Запленети над…
Крим полиција уште еднаш ја потврдува својата…
Полицајци полово вознемирувале и краделе од мигрантка…
Министерството за внатрешни работи информира дека полицајци…
Скопјанец снимен како од камион истура градежен…
50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…