Објавено на:

МВР со превентивни активности за спречување на пожари

t

Во Штип, Делчево, како и на подрачјето на ПО Теарце во селата Непроштено, Лешок, Теарце и Глоѓи, денес (05.07.2026) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово, ПО Теарце, Отсекот за превенција при СВР Штип, ОВР Делчево и РЦГР Исток реализираа превентивни активности за заштита од пожари.

На граѓаните им беше потенцирана потребата за внимателност при извршување на земјоделските работи, надополнето со континуирана соработка со надлежните институции и задолжително пријавување на несовесно однесување.

Граѓаните беа информирани за забраната за движење во шуми и шумски подрачја, која е активна од 01.07 до 31.08.2026 и им беше посочено дека доколку забележат пожар, тоа веднаш треба да го пријават на телефонскиот број 112.

На граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР со превентивни активности за спречување на…

Во Штип, Делчево, како и на подрачјето…

Македонец бил удрен од автомобил во Холандија,…

На патот Масвлакте, Ротердам, 31-годишен маж од…

Мицкоски очекува зголемување на цените на горивата:…

Очекувам да имаме зголемување од околу 2…

МВР: Лишени од слобода 18 возачи за…

Во текот на изминатото деноноќие на целата…

Орбан: Владата на Тиса ја води земјата…

Лидерот на унгарската опозициска партија Фидес и…