МВР: Лишени од слобода 18 возачи за безобѕирно управување возило
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 18 возачи поради „безобѕирно управување возило“.
Од нив, како што информираат од МВР, 11 управувале возило без возачка дозвола (пет во Скопје, три во Гостивар и по едно лице во Тетово, Кичево и Прилеп). Под дејство на алкохол возеле шест лица (по едно во Скопје, Кочани, Пробиштип, Велес, Радовиш и тетовско), а едно лице во Кочани возело иако имало активна забрана за управување на моторно возило.
По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
ОД МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Малолетници пронашле неексплодирана рачна бомба, во полицијата…
Неексплодирана експлозивна направа била пронајдена во планински…
Малолетник фрлил пиротехничко средство во Капиштец, избувнал…
Пожар избувнал синоќа во парк во скопската…
Кривична пријава против четири лица за сторени…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.В.(43)…
Гранка од топола усмрти 77 годишен радовишанец
МВР информира дека вчера попладне во 12:30…
Во гостиварската болница била донесена почината 45-годишна…
45-годишна жена од гостиварското село Врапчиште синоќа…