Ме соблекуваа гол пред келија за претрес, имаа наредби од Оливер Спасовски
Јане Ченто во „Претрес со Ландов“, вели дека во притвор и затвор бил малтретиран.
„Ме соблекуваа гол пред келија за да ме претресат дали имам телефон. Со 39 температура молев за парацетамол. Не беше до командирите, имаше наредби од Оливер Спасовски. Се изживуваа врз нас“, вели Ченто.
На прашања од гледачи дека Богдан Илиевски го предал, вели дека ако го предал Илиевски, нема да седи со него.
„Со вакви обвинители и судство, не седум, туку 77 генерации ќе страдаат. Не завршува со Русковска. Новиот обвинител го повикувам да се заинтересира за овој случај“, вели Јане Ченто.
Тој посочи дека две лица, пред да го уапсат, му се јавиле и на средба побарале да потврди
дека Груевски и Чавков се организатори за 27 април.
„Потоа, кога ме ставија во притвор, една вечер во два часот по полноќ влегоа луѓе, а за еден човек рекоа дека е адвокат, кој ми рече дека понудата уште важи да ги обвини Груевски и Чавков. Едниот беше од МВР. Ми покажаа снимка дека сум го удрил Заев. На кого да се жалам“, праша Ченто.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ме соблекуваа гол пред келија за претрес,…
Јане Ченто во „Претрес со Ландов“, вели…
Трамп: САД ќе го добијат иранскиот збогатен…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…
Иран: САД се обидуваат да нè принудат…
Главниот ирански преговарач Мохамад Багер Галибаф денес…
Макрон разговарал со Пезешкијан за Ормуска Теснина
Претседателот на Франција, Емануел Макрон изјави дека…
Миноски: Политиката денес е сведена на „приватна…
Поранешниот министер за финансии, Кирил Миноски, преку…